Поврзете се со нас

Европски првенства

Козловски стана најмлад играч кој настапил на европските првенства

Објавено

на

Кацпер Козловски дебитираше на Европското првенство во дресот на Полска и стана најмлад играч во историјата на ова престижно натпреварување.

Со 17 години, полскиот репрезентативец влезе во игра во вториот дел на средбата со Шпанија и и помогна на својата селекција да освои важен бод во Севилја.

Козловски го постави рекордот само неколку дена откако претходно тој беше соборен од англискиот репрезентативец Џад Белингам, кој сепак е за три и пол месеци повозрасен од полскиот фудбалер.

За Козловски ова е вкупно трети настап за репрезентацијата, а дебитираше во пресрет на ЕП.

Во моментов тој настапува за полскиот клуб Погон, но веќе го следат повеќе европски клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни