Поврзете се со нас

Македонија

Кожув со пресврт до славје над Работнички

Објавено

на

blank

Работнички по подолга пауза им се врати на обврските во домашниот шампионат и тоа со пораз од Кожув од 81-78.

Избраниците на Димитар Мираковски само само една од трите четвртини на дуелот што се одигра во „Кале“, а тоа не беше доволно за позитивен резултат. Центарци ги реализираа во своја полза првите 20 минути (42-37), но продолжението му припадна на Кожув кој одигра добро на двете страни на теренот и се избори за славје во Скопје.

Силаџи со 18 и Станојевиќ со 17 поени беа најефикасни кај Кожув, додека кај Работнички залудни беа 29 кошеви на капитенот Николовски.

На останатите два натпревари, Куманово ја доби Академија ФМП (72-66) и МЗТ Скопје 2 беше подобар од Црн Дрим во Струга (84-80).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни