Македонија
Кожув режираше „слатка одмазда“ и го урна МЗТ во Гевгелија

Кожув претрпе тежок пораз од МЗТ Скопје во финалето во Купот пред три седмици, но денеска успеа да смогне сили и да се реваншира во домашното првенство, без оглед на катастрофалниот старт на мечот.
Гевгеличани го започнаат натпреварот со 0:13 и се чинеше дека „штрковите“ одново ќе запишат убедлива победа во домот на Кожув, но наместо тоа, гледавме враќање од домаќините и на крајот заслужена победа во неизвесна завршница.
Кожув почна да се враќа по ужасниот влез во мечот и намали на „минус четири“ до крајот на првото полувреме, а потоа почна да игра похрабро и на крајот заслужено славеше со 74:71.
Овој пораз не менува ништо за МЗТ кој останува прв на табелата, додека Кожув сега е четврти, прекинувајќи ја серијата од два порази едноподруго.
На останатите средби денеска во Првата лига, Куманово беше подобар од Шкупи си 83:75, додека Тиквеш го победи Чаир 2030 со 84:76.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!