Поврзете се со нас

Македонија

Кожув го надигра Куманово и го формираше првиот полуфинален пар во Купот на Македонија

Објавено

на

Кошаркарите на Кожув го надиграа МКК Куманово со 81:69 во третиот натпревар од четвртфиналната програма во Купот на Македонија.

Клубот од Гевгелија кој е домаќин на овој турнир, го надигра денешниот ривал и сосема заслужено обезбеди полуфинале во кое ќе ги одмери силите со Гостивар, тим кој претходно денеска го изненади ТФТ.

Домаќините ги добија првите три четвртини и во завршните 10 минути влегоа со резултат 62:48 и беше доста јасно дека ќе треба да се случи огромен пресврт за да избраниците на Докузовски го свртат натпреварот во својата полза.

Тоа не се случи, па на крајот Стевановиќ со 23 и Вилсон со 18 поени беа први стрелци кај победникот. На другата страна Радукиќ и Тадиќ искомбинираа 39 кошеви.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни