Поврзете се со нас

Македонија

Кожув го надигра Гостивар, „штркчињата“ дојдоа до важна победа против Вардар

Објавено

на

blank

Кошаркарите на Кожув му одржаа лекција на Гостивар во заостанатиот меч во елитната македонска конкуренција.

Клубот од Гевгелија доминираше, ги доби во своја полза три од четирите четвртина за конечни на крајот 90-74. Ова за Кожув беше шести сезонски триумф, а во истиот најрасположен за игра беше резервистот Станојевиќ со дабл-дабл учинок од 23 поени и 11 скокови.

На спротивната страна поранешниот репрезентативец Костоски беше автор на 20 кошеви.

Претходно пак во Аеродром, МЗТ Скопје Уни Банка дојде до важна победа над Вардар со што сега има егал скор со „црвено-црните“ по 13.средби.

Домаќините беа одлични во вторите 20 минути во кои направија пресврт за конечно славје од 89-86. Монтгомери со 30 поени и 11 скокови беше најдобар поединец кај штркчињата за кои дуото Андоновски-Митевски додаде 29 кошеви.

Димекбе со 23 и Цветковски со 20 пак беа први стрелци кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни