Поврзете се со нас

Македонија

Кожув го именуваше наследникот на Јончевски

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Кожув направи тренерска смена и денеска ја информираше јавноста за новиот предводник на стручниот штаб, откако претходно Александар Јончевски реши да си поднесе оставка.

Стручњак реши да ја преземе одговорноста за неочекувано лошиот старт на сезоната и си замина од Гевгелија, а на негово место пристигна поранешниот асистент на Емил Рајковиќ, Борче Даскаловски.

– По заминувањето на тренерот Јончевски, неговата позиција ќе ја менува тренерот Борче Даскаловски. Тој доаѓа од екипата на МЗТ Уни Банка, а пред тоа ги предводеше и Карпош Соколи во 2017 година. Исто така, во 2019/20 беше и асистент на Емил Рајковиќ во казахстанското првенство во тимот на Астана.

– Му посакуваме добредојде во црвено белата фамилија, а на селекторот Јончевски му се заблагодаруваме за досегашната соработка и му посакуваме успех во понатамошната кариера.

Кожув има биланс од две победи и седум порази во првите девет кола во првенството, па целта со Даскаловски ќе биде прекинување на црната низа и враќање на победничките патеки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни