Европски првенства
Ковид го остави Исланд без пет клучни ракометари, два позитивни теста и во шпанскиот состав

Исландската репрезентација влезе во втората фаза на Европското ракометно првенство со реални шанси да се бори за пласман во полуфиналето, но ковид-19 донесе голем хендикеп во пресрет на клучните натпревари со Данска и Франција.
Дури пет важни исландски репрезентативци се во изолација и нема да можат да се вратат на терените наредните денови, а предводени се од првата ѕвезда Арон Палмарсон.
Палмарсон имал позитивен тест во текот на денешниот ден и тоа заедно со Бјарки Мал Елисон, кој пак беше меѓу најдобрите поединци во исландскиот состав на овој турнир.
Од вчера позитивни се голманот Бјоргвин Густавсон, односно Елвар Јонсон и Андрес Гудмундсон.
Позитивни тестови има и во шпанскиот состав, па во изолација се испратени Жоан Канелјас и Иан Тарафета. Шпанија денеска игра против Германија.
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 24 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)