АТП
Ковид-19 привремено ги затвори стадионите на Австралија Опен

Годинешното издание на Австралија Опен за разлика од многу спортски настани ширум светот се одржуваше во присуство на публика и тоа со 50% пополнетост на тениските стадиони.
Сепак, сега австралиските власти донесоа одлука да се забрани присуството на навивачи ширум терените во Мелбурн поради појавата на нови ковид случаи во хотел во Мелбурн.
Со цел да не се прошири вирусот, властите во Австралија забранија присуство на навивачи во следните пет дена, почнувајќи од утрешните натпревари.
Тоа значи дека сите денешни натпревари кои се на програмата на Австралија Опен ќе поминат со присуство на публика, а од утре стадионите ќе бидат затворени.
– Натпреварите денес и вечер ќе поминат по планираното, според безбедносните ковид протоколи. Ги известуваме оние што имаат билети, играчите и нивните тренери дека од утре во следните пет дена нема да има навивачи на Австралија опен, -стои во соопштението издадено за медиумите.
Австралија е една од земјите со најсериозни безбедносни ограничувања поради Ковид-19, па и најмала појава на вирусот се решава со целосно затворање на делови од земјата.

- Лига на шампионипред 24 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 21 час
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 22 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 22 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 23 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 21 час
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва