Поврзете се со нас

АТП

Ковид 19 им направи први проблеми на Надал и Тим пред заминувањето за Австралија

Објавено

на

Поради специјалните карантини и вонредните услови во кои ќе живеа тенисерите по пристигнувањето во Мелбург, Австралија Опен оваа година ќе започне малку подоцна од предвиденото, односно во втората седмица од месец февруари.

Најдобрите светски тенисери ги прифатија сите препорачани услови и веќе се подготвуваат за предизвикот кој ќе следи на психолошки и физички план, бидејќи многу веројатно е дека голем дел од играчите нема да можат да пристигнат со својот комплетен тим.

Од претходно познато е дека Рожер Федерер сепак нема да настапи во Мелбурн и своето враќање го закажа за остатокот од сезоната, но сега Ковид ситуацијата им донесе проблеми и на двајца од трите најдобри тенисери на ранг листата.

Рафаел Надал нема да може да смета на својот прв тренер Карлос Моја кој реши да не патува за Австралија со оглед на комплицираната корона криза која владее во Шпанија, додека проблемот за Доминик Тим е доста посложен.

Неговиот тренер Никола Масу добил позитивен Ковид 19 тест непосредно пред заминувањето за Австралија, па сега ќе мора да мине карантин, а потоа уште еден во Мелбурн доколку на крајот одлучи воопшто да патува и да биде дел од тимот на австрискиот тенисер.

Првиот грен слем во годината ќе стартува на 8-ми февруари, па за Масу се уште постојат надежи дека ќе успеа навреме да се опорави и да му прави друштво на својот тенисер кој е трет на светската АТП листа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни