Англија
Ковачиќ призна дека сака разделба со Челси и обелодени какво мислење има за клубот кој го посакува

Матео Ковачиќ во наредниот период ќе мора да се концентрира на случувањата во репрезентацијата и завршниот турнир во Лигата на нации, но уште пред да дојде до тоа, Хрватот се најде во фокусот на англиските таблоиди поради неизвесната иднина.
Играчот за врска веќе пет години е во Лондон и се претвори во многу важен играч за „сините“, но по големата наезда на нови имиња во првиот тим, се верува дека Хрватот нема да добие нов договор и дека ќе биде продаден ова лето.
Ковачиќ на обраќањето пред хрватските новинари призна дека планира да си оди од Челси, но со задоволство говорел и за еден од најголемите ривали во Премиер лигата.
Манчестер Сити се споменува како следна дестинација на хрватскиот фудбалер, кој има само позитивно мислење за составот на Гвардиола.
– Ми преостанува уште една година од договорот со Челси и сите го знаат тоа. Вистината е дека имавме многу лоша сезона и се оди кон тоа дека ќе ја променам средината после пет години. Сепак, ова е фудбал и ќе видиме што ќе се случи.
– Манчестер Сити? Сити е топ клуб и заслужува да биде во финалето во Лигата на шампионите, можам да го кажам само тоа за нив во овој момент. Летото е долго и ќе видиме што ќе се случи, – изјавил Ковачиќ.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)