Репрезентација
Ковачиќ оствари незаборавен јубилеј на натпреварот против Македонија: Имав голема чест

Хрватска покажа квалитет на домашен терен и лесно го доби пријателскиот меч против Македонија во Ријека, а триумфот од 3:0 посебно ќе го памети Матео Ковачиќ.
Искусниот играч за врска оствари навистина убав јубилеј на мечот против нашата репрезентација, бидејќи на теренот на „Рујевица“ го заокружи својот 100-ти настап како хрватски репрезентативец.
За да биде уште повпечатливо, Ковачиќ ја носеше и капитенската лента на вчерашниот меч, па по победата посака и прва голема титула како играч на репрерзентацијата.
– Навистина е убаво чувството да одиграте 100 меча носејќи го овој дрес, добив и прилика да бидам капитен. Им благодарам на селекторот и на Перишиќ што ми ја овозможија таа чест.
– Најубав момент во репрезентацијата? Тешко прашање, ми беше нависитна убаво во Катар, но незаборавно е и среброто од Русија. Дај Боже на Европското првенство во Германија да се закитиме со злато. Во првите 100 натпревари немаше златен медал, се надевам дека можеме до такво нешто на Еевропското првенство, – изјавил Ковачиќ.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон