Балкан
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)

Аријан Адеми го одигра својот последен натпревар за Динамо изминатиот викенд и стави крај на незаборавната приказна која траеше 13 години, но како што кажа самиот, ова не е збогум, туку довидување до клубот во кој се гледа назад и во иднина во друга улога.
Легендарниот капитен на Динамо остави посебен печат во историјата на клубот и за многумина тој е најголемиот играч кој заиграл за великанот од Загреб, а дека тоа е така може да се заклучи од специјалот кој му го подготвија одговорните луѓе од клубот по повод неговото заминување.
Во уникатниот разговор со популарниот Аки, македонскиот репрезентативец прави ретроспектива на цела своја играчка кариера во Динамо, но ги слуша и пораките од своите досегашниот соиграчи, но и од поранешните.
Адеми посебно емотивно се потресува по пораката која му ја испраќа Матео Ковачиќ, а меѓу играчите кои не штедат комплименти е и Стефан Ристовски.
– Аки, брате мој. Мило ми е што бев мал дел од твојата величествена кариера во Динамо и тоа што можам да те наречам пријател. Знам колку ти значи Динамо и знам дека нема да ти биде лесно да го напуштиш. Ти покажа како треба да изгледа еден капитен на Динамо, секогаш беше борбен и имаше страст. Ти благодарам што им покажа на младите како треба да се однесува еден капитен на теренот и надвор од него. Се надевам дека ќе се видиме наскоро, – порача Ковачиќ, а тој дел е на 4:58 на видеото.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 8 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 24 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…