Ковач се огласи за сензационалното враќање на Хамес во Реал

james-izvini

Нико Ковач одби да даде директен одговор за потенцијалниот ангажман на Бенжамин Павар од Штутгарт и ги препрати новинарите кај спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, но затоа многу полесно му беше да говори за Хамес Родригез, фудбалер за кој во изминативе неколку дена пристигнаа сезнационални најави од Шпанија.

Мадридска „Марка“ излезе со ексклузива во која потнецираше дека Хулен Лопетеги веќе стапил во контакт со Колумбиецот и побарал од него да ја стопира позајмицата во Баерн, но од тоа што го порача денеска новиот тренер на Баварците, во Минхен не се расположени за вакво сценарио и планот е тој да ја доработи и оваа сезона на „Алијанц арена“ како позајмен фудбалер.

– За Хамес знам дека само имаме договор за заем и истиот се уште е важечки. Кога ќе заврши позајмицата на крајот на сезоната, ќе видиме дали ќе ја активираме откупната клаузула или не која ја имаме како избор. Како што стојат работите денеска, Хамес повеќе од сигурно останува во Баерн, – порачува Нико Ковач.

Facebook Коментари