Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ковач не сака да прогнозира, но знае за кого ќе навива во финалето во ЛШ

Објавено

на

Нико Ковач утре ќе дебитира на клупата на Монако, откако тимот од кнежевството ќе ја отвори новата сезона во француското првенство.

Противник на Монако е Ремс, средбата започнува од 13 часот, а иако домаќините ќе бидат фаворити, Ковач не го потценува незгодниот противник и најави внимателна игра на својот тим.

Раниот термин ќе му овозможи на Ковач и да го гледа финалето на Лигата на шампионите, во кое неговиот поранешен клуб Баерн Минхен игра против новиот ривал ПСЖ.

– Сигурно дека ќе го гледам натпреварот, иако во моментов сум фокусиран на Ремс.

– Двете екипи играат во одлична форма, тешко е да се прогнозира кој ќе победи, но јас знам дека ќе навивам за Баерн, – изјавил Ковач кој заработи отказ од Баерн и беше наследен од Ханси Флик, кој успеа да го извлече најдоброто од актуелниот состав на германскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни