Поврзете се со нас

Франција

Ковач го прекина лудилото во соблекувалната на Монако и испрати кратка порака (Видео)

Објавено

на

ПСЖ само вторпат од доаѓањето на катарските газди испушти предност од 2:0, овојпат во големото дерби против Монако кој на домашен терен направи фантастичен резултат во второто полувреме.

Тимот од „Луј Втори“ имаше негатива од 0:2 и на гостите им беа поништени и два гола, па во ситуација кога делуваа загубено на теренот, направија чудесен пресврт во вториот дел и со три гола го потсетија ПСЖ на хоророт од Бастија од пред пет години.

Тогаш ПСЖ за првпат загуби натпревар на кој имаше водство од 2:0 (загуби 4:2), а синоќа во кнежевството по втор пат претрпе тежок пораз во ерата на Катарците.

Двата гола на Воланд и погодокот од пенал на Фабрегас беа клучни за пресвртот во Монако, по што следеше луда прослава во соблекувалната на домаќините, која ја прекина тренерот Нико Ковач со следните зборови:

– Гледате што е возможно да се направи ако верувате…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни