Поврзете се со нас

Франција

Ковач емотивно се распрсна откако доби прашање за неочекуваната смрт на Крањчар (Видео)

Објавено

на

blank

Хрватската јавност вчера со големо неверување ја пренесе новата шокантна вест за загуба на уште едно големо фудаблско име, легендарниот Златко Крањчар кој почина на 64 години по кратка и многу тешка болест.

Легендарниот фудбалер на Динамо Загреб и неповторлив капитен на овој клуб бил хоспитализиран во болница пред десет дена, но неговата состојба нагло се влошила и прераната и неочекувана смрт одново ја обои во црно хрватската јавност која во последно време се навикна да споделува лоши вести.

Смртта на популарниот Цицо не остави никого рамнодушен, а веста стигна и до Франција каде на денешниот прес со солзи во очите се појави Нико Ковач како тренер на Монако.

– Ќе ми простите за ова, – порача Ковач кој видно вознемирен и расплакан се појави на пресот.

– Навистина не ми е лесно, заедно минавме прекрасни моменти. Пред се беше фантастична личност, секогаш беше весел и тој сигурно е тренер од кого многу научив. Исто така, тој ми ја довери капитенската лента во репрезентацијата на Хрватска и тој за мене е многу важна личност. Сите сме многу тажни поради оваа ситуација, се надевам дека ќе почива во мир, – порача Ковач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни