Лига на шампиони
Ковач: Барселона има свои слабости и ќе се обидеме да ги искористиме

Барселона влегува како апсолутен фаворит во двомечот со Борусија Дортмунд во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но Германците не планираат да истрчаат со бело знаме на теренот и веруваат дека имаа своите шанси.
Финалистот од минатогодишното издание во најелитното натпреварување заслужува поголема почит, па тоа го нагласи и Нико Ковач како тренер кој ќе се надмудрува со својот добар пријател.
Ковач добро го познава Ханси Флик и нагласи дека е импресиониран од играта која ја негува Барселона, но сепак потенцира дека и овој тим на Барса има свои слабости.
– Ќе ни недостасуваат многу важни играчи, но подготвени сме за Барселона. Посебно сме тажни за тешката повреда на Шлотербек, бидејќи ќе биде во аут цели шест месеци. Добро го познавам Флик и навистина многу се почитуваме. Го почитувам неговиот стил на игра и не очекувам да има големи изненадувања.
– Ќе се соочиме против нив со голема дисциплина во одбраната, го подготвивме натпреварот на најдобар начин. Барселона има многу силни страни, но има и неколку негативни и треба да ги искористиме. Нема да ви ги откривам тука, најважно е да веруваме во победа. Не заборавајте дека сме финалисти од минатата сезона, – изјави Ковач пред првата пресметка на „Монжуик“.
-
Шпанија12 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Шпанија15 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Лига на шампиони19 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Италија13 часа
Серија А направи хаос со распоредот поради погребот на Папата, Инѕаги сигурно нема да биде воодушевен (Фото)
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти