Костовски од Белгија се пресели во Кипар

jovan kostovski

Македонскиот интернационалец, Јован Костовски долги години беше во Белгија каде беше дел од составот на Леувен, но откако заврши соработката со нив тргна во потрага во нова средина која дефинитивно ќе биде Кипар.

Искусниот напаѓач се сели во Етникос Ахна, тим кој веќе го потврди договорот со него.  Етникос Ахна е состав кој се враќа во првата лига на Кипар, па Костовски со своето искуство и квалитет ќе биде од голема помош.

Поранешниот вардарец нема да биде единствениот Македонец во оваа средина, бидејќи таму веќе се Бојан Маркоски и Мартин Богатинов.

Facebook Коментари