Костоски втор стрелец во победата на Питешти

kostoski

Александар Костоски ја продолжи серијата на добри партии во Романија со тоа што сега тоа донесе севкупен резултат и неговиот Питешти оствари голема победа на гостувањето кај Темишвар со 81-74.

Иако домаќините важеа за фаворити на теренот тоа не изгледаше така, односно Аце и другарите со одлична игра дојдоа до 8 сезонско славје во 13 натпревар. Македонскиот репрезентативец беше втор стрелец во својот табор со 14 поени (прв беше Агафонов со 29), а додаде уште 9 асистенции и 3 скокови.

Во следната рунда Питешти е домаќин на Галати.

Facebook Коментари