Костоски со тројки го уништи Динамо Букурешт

kostoski

Составот на Питешти им се врати на победите во Романија и тоа со убедливи и супериорен настап пред своите гледачи против Динамо Букурешет.

Тимот на нашиот Александар Костоски славеше со 115-65, а токму Македонецот беше еден од најрасположените на теренот со 21 поен со неверојатен шут седум од осум за три поени. Тој зад своето име додаде уште три асистенции и 2 украдени топки со што уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма.

Питешти со учинок од 10 победи и 7 порази е на 6 место на табелата.

Facebook Коментари