Костоски повторно одличен, Питешти го испушти лидерот Клуж

kostoski

Македонскиот репрезентативец, Александар Костовски со уште еден добар настап потврди дека се наоѓа во одлична форма, меѓутоа неговите 15 поени (2/2 за еден, 2/3 за два, 3/7 за три), 5 скокови, 6 асистенции (најдобар во својот табор) и 1 украдена топка не беа доволни Питешти да го совлада лидерот Клуж (82-81).

Домаќините на 30 секунди до крајот со тројката на Костоски поведоа со 81-79, но потоа не постигнаа ниту еден кош, момент кој беше искористен од гостите кои успеаа да се изборат за триумф.

Шакиќ со 24 поени беше најпрецизен кај првопласираната екипа во Романија, а пак на спротивната страна Агафонов уфрли 20 поени.

Питешти на 7 јануари му гостува на Темишвар.

Facebook Коментари