Костоски и Питешти супериорно до нова победа во Романија

ace

Македонскиот плејмејкер, Александар Костоски со својот Питешти ја прокнижи 12 победа во 19. сезонски настап во првенството на Романија.

Питеши на домашен терен беше убедлив и супериорен против Муреш победувајќи со 111-60. Фаворитот беше надмоќен на теренот, беше подобар во секој период, а најдобар доказ за тоа што всушност се случуваше на теренот е секако резултатот.

Шест играчи кај победникот постигаа двоцифрен број на кошеви, но меѓу нив не беше Костоски кој реализираше 8 поени, 2 скока и 4 асистенции за 20 минути на паркетот.

Во следната рунда Аце со својот клуб е гостин на Орадеа.

Facebook Коментари