Костоски и Питешти до нова победа во Романија

ace kostoski

Македонскиот плејмејкер, Александар Костоски со неговиот Питешти продолжи да нижи победи во романското првенство со тоа што овој пат беше совладан тимот на Јаши со 78-68.

Домаќините трпеливо ја градеа предноста од четвртина во четвртина, а тоа им донесе резултат за шесто сезонско славје. Агафонов со 22 поени и 9 скокови беше во прв план, додека нашиот Костоски за 18 минути на теренот испорача 6 асистенции (втор во својата екипа зад Расел (9)) и 2 поени.

Питешти со 13 бодови е на самиот врв на табелата во Романија.

Facebook Коментари