Костоски и Питешти без одговор за Крајова

kostoski

Александар Костоски со Питешти не успеа позитивно да одговори на предизвикот и гостувањето кај Крајова во романското првенство.

Домаќините одиграа меч на повисоко ниво, ги добија во своја полза првите три периоди, а тоа беше повеќе од доволно за конечно славје на крајот од 94-79. Александров и Мартиниќ со по 21 поен беа нерешлива енигма за Питешти во чии редови најмногу се истакна Агафонов со 22 кошеви.

Македонскиот репрезентативец Костоски имаше учинок од 5 поени, 3 скокови и исто толку асистенции за 35 минути на таренот. Следен ривал за Аце и соиграчите е екипата на Сибиу.

Facebook Коментари