Костоски со нов двоцифрен учинок за Питешти

ace

Македонскиот репрезентативец, Александар Костоски забележа уште една двоцифрена партија во дресот на Питешти во романското првенство.

Овој пат плејмејкерот „испука“ 14 поени (5/5 еден 3/4 за два, 1/6 за три), 1 скок, 2 асистенции, 1 украдена и 5 загубени топки на гостувањето кај Сибиу кое тој и соиграчите го загубија со 79-71. Причината за поразот лежи во катастрофалната трета четвртина која ја загубија со 20-7 со што му дозволија на противникот да го преземе водството (59-52), а потоа и да го задржи истото за 12 сезонска победа.

Питешти е на шестата позиција, во следното коло му го пречекува Динамо Букурешт.

Facebook Коментари