Костоски најдобар стрелец и асистент на гостувањето кај Сибиу

kostoski

Македонскиот репрезентативен ас, Александар Костоски со фантастична партија го одбележа гостувањето на неговиот Питешти кај Сибиу.

Плејмејкерот беше најдобар стрелец (19 поени) и најдобар асистент (4 асистенции) во својот табор, плус собра два скока, меѓутоа тоа негово издание не беше доволно за поволен резултат, поточно домашниот состав славеше со 84-77.

Сибиу имаше повеќе расположени играчи и дојде до резултатот што го посакуваше. Питешти со 42 бода е на шестото место во групата која разигрува за пехарот во Романија.

Facebook Коментари