Костоски ги разигруваше соиграчите и ја дотолчи Стеауа

ace so navivaci

Питешти на нашиот Александар Костоски ја прекина серија од пет порази во Романија и славеше над составот на Стеауа Букрешт со 77-69 во денешниот меч кој го одигра пред своите гледачи.

Се беше решено во последниот период во кој Аце и колегите го надиграа противникот со 24-15 и на тој начин стигнаа до резултатот што го посакуваа. Расел со 22 беше најдобар поединец кај победниците, додека Костоски беше прв асистент (6), запиша 3 скока и постигна 7 поени од кои 5 во завршната минута со што го дотолчи тимот од Букурешт.

Питешти со 46 бода е на шестата позиција на табелата.

Facebook Коментари