Костоски со двоцифрен учинок и најмногу асистенции против Стеауа

ace kostoski

Тимот на романски Питешти од кој дел е нашиот репрезентативец Александар Костоски претрпе пораз од Стеауа од 80-77 во домашниот шампионат.

Аце беше меѓу најдобрите поединеци во својот табор, постигна 12 поени и прокнижи четири асистенции со што беше број еден во оваа статистичка категорија,  но воедно во самата заврпница на девет секунди до крајот промаши шут за три со кој можеше да го одведе мечот во дополнителни минути.

Прво име кај Стеауа беше поранешниот центар на Карпош Соколи, Драган Зековиќ со 17 поени, 6 скококови и 3 асистенции.

Facebook Коментари