Италија
Костиќ решил да остане во Јувентус, но веќе го загуби дресот со број 11
Филип Костиќ беше еден од фудбалерите кои новиот тренер Тиаго Мота и раководството на Јувентус го ставија на трансфер листата, јасно посочувајќи му нему и на неговиот агент дека треба да си најде нов клуб.
Српскиот интернационалец имаше одредени преговори, наводно беше блиску до трансфер во Саутемптон, но на крајот не добил посакувани гаранции и реши да направи радикален чекор.
Костиќ му соопштил на клубот дека ќе остане во Јувентус и преку тренинзите ќе се обиде да си обезбеди шанса и минутажа кај Мота, нешто што веројатно ќе биде негова идеја барем до следниот преоден рок.
Во меѓувреме, Јувентус веќе го додели дресот со број 11 на засилувањето Нико Гонзалес, кој летово дојде од Фиорентина, па Костиќ и да добие шанса за настап, тоа ќе мора да го направи со друг број.
Најновите информации од Италија велат дека Костиќ привремено ќе биде задолжен со дресот со број 20, што ќе му биде трет број во Јуве, бидејќи во првата сезона го носеше дресот со број 17, а потоа го презема дресот на Хуан Куадрадо.
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 16 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 17 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 16 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 10 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
АТПпред 13 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 15 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)