Поврзете се со нас

Свет

Костески втор стрелец во дерби победата на Плзен над Карвина

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Талент Плзен на Никола Костески успеа да слави над Карвина со 28-22 во дерби средбата од 7. коло во првата лига на Чешка.

Ова беше дуел на две екипи кои во минатата сезона се бореа за пехарот, беа актери во финалната серија која му припадна на Плзен со 3-2.

И денешниот меч мина во знакот на Плзен кој во двете полувремиња даде по 14 гола, одигра подобра одбрана во вториот дел (14-9) и заслужено дојде до шестито триумф во седмиот натпревар.

Македонскиот интернационалец Костески одново беше на ниво и беше втор стрелец со 6 голови (прв беше Блаха со 7), а имаше и 2 украдени топки.

Во наредното коло Зубри ќе биде ривалот на Никола и другарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни