Поврзете се со нас

Свет

Костески втор стрелец, Плзен на чекор од големото финале

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Талент Плзен на Никола Костески е на добар пат да се пласира во големото финале во Чешка откако поведе со 2-0 во серијата против Копривнице.

Плзен како гостин славеше со 28-20 и ако го добие наредниот меч пред своите гледачи тогаш обезбедува билет за наредната фаза, борбата за титулата.

Македонскиот репрезентативец Костески беше втор стрелец со пет постигнати голови, поефикасен од него беше само Доуда со единаесет реализации. Инаку третата средба во полуфиналната серија е закажаната за 21 април.

Во борбата пак за 5 до 8 место, Брно на Дејан Кукуловски загуби од Зубри со 31-24 во средба во која бекот даде два гола и заработи две исклучувања.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни