Поврзете се со нас

Свет

Костески разигран, Плзен го комплетираше кам-бекот и ја грабна титулата во Чешка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzenOfficial

Тимот на Талент Плзен од кој дел е македонскиот интернационалец, Никола Костески ја освои титулата во Чешка и тоа откако во мајсторката славеше над Карвина со 30-25.

Плзен губеше со 2-0 во оваа серија, но Никола и колегите не се предадоа, одеа од натпревар во натпревар, успеаа да дојдат до 2-2 за да вечерва во својот дом покажат дека се најдобриот тим во Чешка во овој момент со оглед на тоа што претходно го освоија и Купот на оваа земја.

Во двете полувремиња Плзен беше поквалитетен на теренот, првите 30 минути ги реализираше со 15-13, а вторите со 15-12.

Еден од најзаслужните за триумфот беше Костески кој беше втор стрелец со шест голови зад Нејдл кој реализирааше девет погодоци. Кај поразените најистакна поеднинец беше Скалички со 7 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни