Костески прв стрелец, Крстевски одличен против Алпла Хард

kosteski

Македонското дуо во редовите на австриски Линц, Никола Костески и Горан Крстевски имаше одличен настап на гостувањето кај Алпла Хард во правата ракометна лига.

Линц важеше за аутсајдер на ова гостување и не успеа да дојде до позитивен резултат, меѓутоа не се посрамоти, одигра борбено низ сите 60 минути за конечни на крајот 30-25. Во гостинскиот табор најдобри беа Македонците, Костески беше прв стрелец со 6 погодоци, додека пак Крстевски даде четири од шест обиди.

Линц по 13 рунди има 8 бода и е на претпоследното место на прволигашката табела.

Facebook Коментари