Поврзете се со нас

Македонија

Костески потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер од денеска е засилен со младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески.

Еден од најталенираните млади македонски играчи минатата сезона се пресели во Хрватска, меѓутоа таму не се снајде најдобро поради големата конкуренција, па сега ќе може да домашно тло да си ја врати кариерата во посакуван правец.

19-годишното десно крило со Пелистер стави потпис на тригодишен договор. Претходно клубот од Битола ги доведе Кукуловски, Танковски, Периќ, Мараш, Мандалиниќ и Кушан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни