Репрезентација
Костески: Покажавме дека вредиме, пресуди искуството

Македонската ракометна репрезентација минува низ транзициски период кој трае веќе неколку години, но на деннешниот натпревар против Португалија селекторот Кирил Лазаров истрча со убедливо најмлад тим.
Младите и неискусни ракометари покажаа желба и мотив за надигрување против фаворизираниот противник, па иако се вратија од четири негатива и направија пресврт во вториот дел, на крајот потклекнаа под притисокот во последните 10 минути.
Поради тоа, резултатот 23:29 не ја отсликува реалноста за тоа што беше видено на теренот, но факт е дека момците на Лазаров ќе мора да работат на физички и психолошки план, бидејќи слично паѓаа во завршниците и на натпереварите на Светското првенство.
– Направивме и пресврт на натпреварот, одигравме борбено до крај и мислам дека ова беше машки натпревар. Покажавме дека вредиме против ваква Португалија, бидејќи сите знаеме за каква репрезентација станува збор.
– Жал ми е, имавме добри 50 минути, но на крајот пресудија последните 10 минути во кои до израз најверојатно дојде искуството. Не успеавме да изненадиме, но одиме во Португалија да одиграме уште еден добар натпревар, да се спротивставиме најдобро што можеме и да ја минеме оваа група, – изјави крилото Ненад Костески.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 12 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)