Костески одличен и против Кремс

kosteski

Македонското крило, Никола Костески продолжува со квалитетните партии во дресот на Линц во првата австриска лига.

По квалитетните партии против Инсигнис ВестВиен и Ферлах, поранешниот ракометар се Металург се прикажа во одлично светло и против Кремс давајќи давајќи пет погодоци од шест обиди. Ама и овојпат ова издание не беше наградено до позитивен резултат, поточно Линц не успеа да направи изненадување и загуби со 33-30.

Во истиот тим вториот наш ракометар Горан Крстевски постигна еден гол од три шута. Следната рунда носи нов тежок меч за Никола, Горан и пријателите, битка со Алпла Хард.

Facebook Коментари