Костески немаше свој ден, Крстевски делеше асистенции

nikola sutira

Составот на Линц од кој дел се Никола Костески и Горан Крстевски доживеа убеделив пораз на гостувањето кај Аон Фиверс во најсилната ракометна лига во Австрија.

Линц беше надигран низ сите 60 минути, а најдобар доказ за тоа е резултатот кој на крајот гласеше 38-24 во полза на домашниот тим. Крилото Костески немаше свој ден иако даде 5 голови, меѓутоа од дури 13 обиде, додека пак Крстевски исто имаше слаба реализација и тоа 3 од 7 (голови/обиде) со три асистенции зад неговото име.

Тимот на Линц е на претпоследната 9 позиција на табелата со 10 бодови, во следната рунда е домаќин на Грац.

Facebook Коментари