Светски првенства
Костески: Не чека еден поразличен меч против тим кој има специфичен стил на игра

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонските ракометари добија ден за релаксација по вложениот напорен труд на натпреварите против Унгарија и Холандија, односно селекторот Кирил Лазаров одлучи да нема класична тренинг сесија пред последниот дуел во групната фаза.
Македонските ракометари имаа само фитнес сесија со цел да сочуваат свежина за утрешниот натпревар против Гвинеја, дуел на кој нашите репрезентативци ќе бркаат пласман во втората фаза на светскиот шампионат.
„Црвено-жолтите“ влегуваат како апсолутни фаворити во дуелот со африканската селекција, но позитивно во целата оваа ситуација е што ракометарите не потпаѓаат под импресиите, односно ветуваат максимална мотивација без никакво потценување на ривалот кој претрпе два тешки порази досега.
– Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство.
– Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји.
– Краткото време ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно, – изјави репрезентативното десно крило, Ненад Костески.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
НБА18 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)