Костески меѓу најефикасните во победата на ППД Загреб

zagreb-spartak

Македонскиот репрезентативец, Ненад Костески имаше своја улога во победата на ППД Загреб над Спартак Москва во СЕХА лигата.

Најдобриот хрватски состав славеше со убедливи 30-17, а нашиот Костески беше меѓу најефикасните играчи на теренот. Кај домаќините Вистороп и Равниќ со по 5 голови беа најефикасни, додека Костески беше автор на четири голови од шест обиди.

На спротивната страна Сазонов реализираше 5 од 11 негови обиди. ППД со 18 бода е на третото место на табелата во групата Б во која денеска македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник претрпе пораз од Веспрем.

Facebook Коментари