Костески и Линц останаа без голема победа во последната секунда, „петка“ на Митков

kosteski

Македонскиот интернационалец, Никола Костески со Линц беше на прагот на голема победа над Кремс во првата австриска лига, но во последната секунда истата им ја одзема Томас Кандолф за конечни 28-28.

Ова беше супер драматичен и незивесен меч од почеток до крајот, па ремито е можеби и најреален резултат со оглед на тоа што и на паузата беше нерешено 13-13. Костески пак беше на високо ниво и тоа со само едно промашување и тоа од линијата за седум метри или поточно заврши со пет погодоци.

Влатко Митков пак со Брегенц славеше пред своите гледачи со 23-21. Домаќините минимално ги реализираа во своја полза двете полувремиња (12-11, 11-10) и заслужено дојдоа до двата бода.

Митков имаше учинок од пет гола со што беше втор стрелец на дуелот зад Гочар од Ферлах.

Facebook Коментари