Костески и Крстевски ја прокнижија втората победа во Австрија

Kosteski_Nikola

Никола Костески и Горан Крстевски со Линц се израдуваа на втората победа во првата лига на Австрија и тоа на гостувањето кај Грац каде славеа со 35-29.

Ова беше дуел во кој гостите се прикажаа во поквалитетно издание, предноста постепено ја градеа и сосема заслужено дојдоа до резултатот што го посакуваа. Крилото Костески повторно беше на ниво и постигна пет гола од седум обиди, додека пак Крстевски зад своето име запиша еден гол со 2 асистенции.

Линц со 5 бода е на 7 место на табелата во елитната австриска конкуренција.

Facebook Коментари