Поврзете се со нас

Свет

Костески ја доби дерби пресметката со Кукуловски во Чешка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen/H. Sladký

Никола Костески и неговиот Талент Плзен издвојуваа победа над Брно на Дејан Кукуловски во дерби пресметката од 12. коло во првата лига на Чешка.

Првиот дел мина во изедначена игра (12:12), но по паузата актуелниот првак се покажа во далеку подобро светло, одигра поквалитетно и оствари триумф од 26:18.

Ова за Плзен беше десетто славје во кое најефикасен беше Доуда со пет поени. Македонскиот репрезентативец Костески пак беше автор на три погодоци, а бекот Кукуловски исто даде три гола за Брно.

Костески и компанија сега имаа 21 бод, три повеќе од Дејан и неговите соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни