Поврзете се со нас

Европски купови

Костески и Радовиќ едногласни пред дуелот со Шафхаузен: Ќе го дадеме максимумот, имаме нешто да им вратиме

Објавено

на

blank

Тимот на Еурофарм Пелистер утре против Кадетен Шафхаузен ќе го одигра последниот меч од групата Д во ракометната Лига Европа.

На овој дуел нашиот претставник поточно тренерот Бабиќ нема да смета на неколку важни играчи како Хендави, Кушан, Кузманоски, Кукуловски и Маџовски, но оние што се присутни најавуваа максимална борба до крај и обид да му се врати на противникот кој освои бод во Битола (25-25).

-Остваривме пет победи во низа и натпреварот против Татран ни беше многу важен, за да ја задржиме хемијата како досега. Верувам дека ќе издвојуваме добар резултат во Шафхаузен. Се подготвуваме добро, ги анализираме и знаеме дека не смееме да ги потцениме. Кадетен Шафхаузен е одлична екипа. Како што знаете, тука во Битола одигравме нерешено, а тие на домашен терен знааат да одиграат добро. Затоа мора да бидеме сите заедно, цел тим како едно и да се бориме за подобар пласман понатаму во Лига Европа.

-Натпреварот во Битола заврши нерешено, но ете имаме втора шанса и нам ни преостанува да се обидеме да им вратиме за тоа што го пропуштивме, -вели крилото Ненад Костески.

Сличен став како македонскиот репрезентативец има и Мирко Радовиќ.

-Нема калкулации од наша страна. Патуваме во Швајцарија да дадеме максимум. На првиот натпревар ремизиравме и имаме нешто да им вратиме. Во одлична форма сме, имаме пет победи во серија и сакаме хемијата да остане на ова ниво. Имаме одличен колективен дух, одиме да се бориме до последниот атом од силите, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно.
-На првиот натпревар покажаа дека не се предаваат, играат до последната секунда. Независно колку е разликата во наша или нивна полза, не го намалуваат „гасот“ и даваат сè од себе. Ќе биде одличен натпревар и од наша и од нивна страна и се надевам дека ќе им вратиме за првиот натпревар, -порача Радовиќ.
Средбата Шафхаузен-Пелистер се игра од вечерниот термин 20:45 часот.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни