Поврзете се со нас

Свет

Костески и Плзен продолжија да победуваат во Чешка

Објавено

на

Никола Костески и неговиот Талент Плзен продолжуваат да редат победа во чешкото првенство, а најновата жртва е тимот на Сокол Нове Весели кој беше совладан со 33-25.

Ова беше дуел во кој фаворитот не можеше да направи поголема разлика во првото полувреме (15-14), но во вторите 30 минути ситуацијата беше поинаква и отпорот на гостите беше скршен и запишан сигурен триумф од осум разлика.

Нашиот интернационалец Костески беше „мирен“ на овој меч и постигна „само“ четири гола и тоа во првиот дел.

Партија која ќе се памети: Неверојатниот Костески даде 17 гола за Плзен!

Како Македонецот ја полнеше мрежата на Фридек-Мистек: Дел од мајсториите на Костески од брилијантната партија со 17 погодоци (ВИДЕО)

Македонецот и неговите другари за следен ривал ја имаат Дукла Прага каде ќе се обидат да го сочуваат 100 процентниот учинок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни