Поврзете се со нас

Свет

Костески и Линц остануваат на еден освоен бод во Австрија

Објавено

на

Македонското крило, Никола Костески и Линц го претрпеа петтиот пораз во шестиот сезонски натпревар во првата лига на Австрија.

Овојпат подобар од нив беше составот на Ремус кој пред своите гледачи славеше со 33:26. Како во првото така и во второто полувреме домаќинот го надигра Линц (14-12, 19-14), па сосема заслужено го освои целиот плен.

Нерешлива енигма за гостите беше Ѓурѓевиќ со 12 постигнати голови. Нашиот Костески немаше свој еден и даде само еден погодок (од два обиди).

Линц останува да еден освено бод во досегашниот тек на шампионатот, во следното коло Никола и колегите ќе се соочат со Кремс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни