Поврзете се со нас

Свет

Костески и Линц немаа одговор за Алпла Хард

Објавено

на

blank

Линц на нашиот Никола Костески доживеа пораз од Алпла Хард од 25-21 на вечерашниот меч од првата лига на Австрија.

Домаќините важеа за аутсајдери на овој дуел, но се бореа за да дојдат до позитивен резултат, меѓутоа тоа не беше доволно затоа што гостите во првиот дел направија плус 6 (9-15), па залудно беше тоа што го добија второто полувреме со 12-10.

Македонскиот интернационалец Костески беше добро чуван на оваа средба и даде два гола од три обиди.

Линц е на последното место на табелата со еден освоено бод, новото коло носи гостување кај Брегенц.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни