Поврзете се со нас

Свет

Костески го предводеше Плзен до нова победа

Објавено

на

Никола Костески продолжи со квалитетните партии во Чешка во дресот на Талент Плзен каде го предводеше тимот до уште една лигашка победа.

Плзен се избори за сигурен триумф над Јичин од 30-19 и тоа откако додаде гас во второто полувреме кое го реализираше со 18-9.

Најрасположен играч кај победникот беше Костески со пет постигнати погодоци од кои два од линијата од седум метри. Сега Македонецот и колегите имаат „пет од пет“, а оваа серија ќе се обидат да ја продолжат против Прешов на 5 октомври.

Добрите партии во дресот на Плзен му донесоа на Костески и место на поширокиот список на селекторот Лазаров во пресрет на стартот од новиот циклус на квалификации за ЕП 2024 во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни