Поврзете се со нас

Свет

Костески броеше до седум, Линц го загуби дербито на дното

Објавено

на

blank

Македонскиот ракометен интернационалец, Никола Костески, одигра одличен натпревар во дресот на Линц, но неговата екипа го загуби дербито на дното против Грац (23:30).

Линц сега се најде на последното место на табелата откако има ист број бодови, но и пораз во меѓусебните дуели со Грац, па тимот на нашиот Костески останува во навистина тешка ситуација на табелата.

Грац немаше победа уште од октомври, но вечерва успеа да слави како гостин, најавувајќи го таквиот епилог уште во првото полувреме, кое го доби со 10:14.

Костески го заврши натпреварот како најефикасен во Линц со 7 голови, но и тоа не беше доволно за позитивен резултат. На спротивната страна, српскиот интернационалец Немања Белош реализирал дури 11 погодоци.

Линц има четири порази по ред и останува на 6 бодови, колку што сега има и Грац, но двете екипи заостануваат осум бодови зад следниот тим во поредокот во австриското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни