Поврзете се со нас

Свет

Костески блескаше, Плзен го потврди пласманот во полуфиналето во Чешка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Тимот на Талент Плзен каде што настапува Никола Костески обезбеди пласман во полуфиналето во плејофот во првата лига на Чешка.

Со вкупно 3-0 беше решена серијата против Фридек-Мистек со тоа што на последниот меч противникот беше разбиен на негов терен со 41:27. Еден од најдобрите поединци на теренот беше македонскиот репрезентативец Костески со 7 постигнати голови и 4 украдени топки. Повеќе погодоци од него постигна само соиграчот Доуда кој имаше 9 реализации.

Плзен во полуфиналето ќе игра со подобриот од Копривнице и Дукла Прага.

Брно пак на Дејан Кукуловски е елиминиран од плејофот откако и по трет пат загуби од Карвина. Фаворитот триумфираше со 32:27 и сега мирно ќе го чека ривалот во наредната фаза.

Кукуловски овој меч го заврши со два постигнати гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни