Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Костакурта за спорната ситуација во Леверкузен: Секој контакт не е пенал…

Објавено

на

Foto:instagram.com/alessandrobillycostacurta

Милан загуби од Баер Леверкузен со 1-0 на средбата која се одигра на „Бај Арена“, пресметка која донесе две различни полувремиња.

На крајот погодокот на Бонифејс во 51 минута се покажа како пресуден кога е во прашање конечниот епилог, но гостите имаа забелешки кога е во прашање судењето, поточно сметаа дека се оштетени за пенал во самата завршница.

Ова директно го посочи тренерот Пауло Фонсека кој смета дека фаулот над Лофтус Чик бил за удар од 11 метри, ситуација за која свој коментар даде легендарниот ас на „росонерите“, Алесандро Костакурта.

Фонсека убеден дека Милан бил сериозно оштетен во судиското продолжение: Тоа е чист пенал (Видео)

-Имаше контакт, но тоа не значи дека е пенал. Можете да го разберете интензитетот на дуелот. Можете да видите дека го допира. Судијата беше во близина, имаше контакт, но тоа не значи дека е пенал. Дадоа таков пенал на натпреварот со Дортмунд, но можеше да се случи, -порача Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни